Реклама
Интервју

Ангела Ѓорѓиева: „Ме инспирираат луѓе кои се успешни и напорно работат за да ги исполнат своите цели“

Реклама

Често можевме да ја видиме на модната писта, веќе 9 години е дел од модниот викенд во Скопје, но сега во време на пандемија ја гледаме на социјалната мрежа Инстаграм и на нејзниниот Јутјуб канал. Блогерката и модел Ангела Ѓорѓиева вели дека во ова време и недостасуваат модните настани. Секој ден и е различен, а ја инспирираат успешни луѓе кои ги остваруваат своите цели….

Што значи да си инфлуенсер во Македонија?

Инфлуенсер во Македонија за жал е термин кој се спомнува многу често во негативна конотација и кои на многу луѓе како термин им ствара некоја одбивност. Но по некоја неформална дефинициија, инфлуенсер е личност која постира содржини online, има комуникација со следбениците и одредено влијание и доверба во однос на содржините што ги обработува.

Што најмногу те инспирира?

Ме инспирираат луѓе кои се успешни и кои напорно работат за да ги исполнат своите цели. А кога ми е потребна испирација за работата, најчесто ја црпам од омилените странски блогерки, Pinterest, Youtube видеа, серии…

Маркетинг

Има ли некој посебен дел од денот кој ти е најинспиративен?

Јас сум личност која најдобро фукнционира навечер. Сите идеи најчесто ми доаѓаат навечер. Среќа имам навика да ги запишувам, па ги реализирам во наредните денови.

Најубавото нешто што ви се има случено поврзано со вашата работа?

Дефинитивно поврзаноста со многу девојки online, споделување мислења и совети на заеднички теми, и можноста за соработка со некои од големите брендови кај нас.

Маркетинг

Бјути рутина која редовно ја применувате?

Двојно чистење на лицето навечер и заштитен фактор секој ден.

Што те прави среќна и исполнета?

Семејството, љубовта, работата, Бен..

Ви недостасуваат ли модните настани во овој период?

Нормално да. Конкретно FWSK е настан кој го очекував два пати годишно во изминатите 9 години. Ми недостасуваат и настаните организирани од брендови, на кои се запознаваме со нивни нови производи или колекции и кои беа одлична прилика за дружба со останати блогери и креирање на одлична содржина која би можела да е од интерес на нашите следбеници.

Може ли во Македонија да се живее од инфлуенсерство?

Секако може, но со многу трпение, труд, истрајност. Да ме прашавте пред неколку години, одговорот ќе беше сосема поразличен. Исто како и во секоја работа, почетокот е тежок и треба да помине одреден период за брендовите и следбениците да се запознаат добро со вашите содржини, па да следуваат понудите за соработка.

Каде се прават најлудите фотографии?

Не би ги категоризирала како луди, но најчесто сликам надвор на некоја локација во град или во домашна атмосфера. Некои фотографии ги планирам однапред до детал, од локација, до outfit, некои настануваат сосема спонтано.

Како се релаксираш?

Уживам во добра серија. Серии преферирам многу повеќе од филмови, од причина што траат подолго и знам дека на крајот на денот ме чека епизода, без да размислувам што да гледам следно.

Кое е твоето омилено парче облека од плакарот? Во што се чувствуваш најудобно?

Бела кошула ми е најчесто комбинирано парче, секоја сезона. Обожам casual комбинации, конкретно за периодот: фармерки, џемпер, сако, капут и чизми.

Која работа никогаш не сте ја направиле, а сте сакале?

Имам многу работи на мојата листа за желби кои сакам да ги остварам во иднина. Но еве, да издвојам една посебна, Safari тура во Африка.

Што ви е најважно во животот?

Факт е дека нешто најважно во животот е здравјето, особено оваа година ни беше потсетник за тоа. Сите останати работи се споредни. Но секако не би била целосно исполнета без љубов, хармоничен живот со вереникот и работа во која уживам.

Како гледате на пријателите во животот?

Живееме во време во кое пријатели во вистинска смисла на зборот се навистина ретки. Имам неколку блиски пријатели, кои ми значат многу, за кои знам дека се тука за мене и јас за нив. Личности со кои споделувам важни случувања од мојот живот и создавам убави спомени.

Поврзано

Back to top button