Реклама
Наши ѕвезди

Ана Севиќ брутално му врати на Дарко Лазиќ по обвинувањата дека го изневерувала со овој човек уште додека биле во брак

Реклама

И таа не му остана должна …

Пејачката Ана Севиќ реагираше на Инстаграм откако таткото на нејзиното дете и се уште законски сопруг, Дарко Лазиќ, во медиумите и тоа без влакна на јазикот изјави дека го изневерувала уште додека била во брак.

Маркетинг

Таа најпрво објави „селфи“ фотографија на којa е со своето сегашно момче Даниел за кој Дарко тврдеше дека се гледале уште додека тие биле во брак.

Маркетинг

На фотографијата тие се гушнати и истата е украсена со едно големо црвено срце, а потоа пејачката на Инстаграм го објави и следниов коментар:

„Ако мене ме прашувате што е најдобра освета, јас велам среќа е кога луѓето ќе полудат кога ќе ве видат среќни“.

Многумина не се сомневаат дека оваа порака се однесува токму до нејзиниот поранешен, но се уште законски сопруг. Инаку, целата приказна започна откако Дарко за српските медиуми изјави зошто се разделиле со Ана.

„Мојата поранешна сопруга избра момче што го познавам од порано. Како го познавам? Па ние бевме во брак, а Ана паралелно беше и со Даниел. Односно таа ме изневеруваше се додека не дознав за тоа. Ништо во животот не е случајно, па така ни нашиот развод. Во врска со Лорена, нашиот договор функционира одлично“, изјави Дарко, а пренесоа познатите српски таблоиди Курир и Свет.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button