Ана Николиќ се преполови и за помалку од година дена изгуби преку 20 килограми, а сега го направи ова и ги шокираше сите
Ана Николиќ ги изненади сите кога на Инстаграм објави видео со кое го најави нејзиниот препарат за слабеење.
По оваа објава социјалните мрежи се запалија, особено затоа што во последно време сите коментираат за проблемот со вишокот килограми со кој пејачката се соочува по раѓањето на малата Тара во август минатата година.
Таа се уште е на мета на коментарите поради килограмите, а многумина не беа пребирливи и овој пат кога го најави производот за слабеење.
„Да помага, и ти ќе беше слаба“, „За две недели ќе изгубите 14 дена“, пишуваат корисниците под нејзината објава на Инстаграм. Многумина помислија и дека во прашање е шега или маркетингшки трик за нејзоното ново „це-де“.
Но без разлика на негативните коментари, факт е дека Ана дополнително ослабела во последните неколку месеци, а тоа можеме да го видиме и од нејзините последни изданија, на кои изгледа речиси преполовено, односно повторно е онаа старата Ана, каква што беше и пред бременоста.