Ана беше државна службеничка се додека не се појавија нејзините фотографии – сега нема каде да живее и татко и не сака да ја види
Таа остана и без кров над главата откако беа објавени нејзините провокативни фотографии
Ана Ануфријева се соочи со низа егзистенцијални проблеми поради нејзините „пикантни“ фотографии. Таа се пожали дека сега не може да најде работа поради нив и дека се соочува со низа проблеми во животот.
Како што вели оваа 27 годишна девојка, таа имала „тајна“ работа во руската државна служба, но тоа било пред претпоставените да дознаат за нејзините фотографии кои станаа вирални на социјалните мрежи.
Поради нив таа била избркана од работа, па од нервози изгубила и неколку килограми и претрпела огромен стрес.
И нејзиниот татко не сака да зборува со неа бидејќи го посрамотила „пред целата држава“.
Но и покрај тоа поранешната државна службеничка не жали што нејзините фотографии завршиле во познатиот магазин.
И покрај тоа што морала да го продаде своето станче во Сибир, затоа што повеќе не можела да ја плаќа ратата од кредитот и сметките за него, Ана сепак не се кае воопшто за она што го направила во нејзиниот живот.
„Немам каде да живеам. Немам работа, немам момче, немам стан. Како да направив некаков злочин. Поради се изгубив неколку килограми, имам проблеми со менструацијата. Мојот татко не сака да разговара со мене. Никој не сака да ме вработи. Би сакала да ми кажат дека е заради тоа, но тие измислуваат десетина други причини. Одеднаш конкурсот повеќе не важи или пронашле подобар кандидат“, вели оваа Русинка за својата агонија.
Таа во моментот кога ги испратила своите провокативни фотографии на онлајн натпревар за познатиот магазин „Плејбој“ работела во тајна државна служба.
„Зошто само моделите, актерките, фитнес тренерите и блогерите можат да ги покажуваат своите тела? Па зарем не треба да се навикнете на мислата дека секоја жена се сака себеси и го негува своето тело, и затоа истото може да го покаже, па дури и ако е доктор, наставник или државен службеник. Ги сакам разголените фотографии и хармоничните женски тела ги сметам за совршенство, затоа ве молам, не осудувајте, туку уживајте“ напиша таа.