Анастасија сподели фотографија со Немања Гудељ: Фановите воодушевени- прв пат ги гледаме во вакво издание ФОТО
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца, веќе извесно време престојува во Шпанија кај своето момче Немања Гудељ, од кого не се разделува.
Овој пат таа ги воодушеви сите со нивните заеднички фотографии.
Анастасија е многу активна на Инстаграм, често споделува фотографии од Шпанија и натпреварите на кои го следи своето момче, а често објавува моменти од нивниот приватен живот.
Пејачката ги изненади сите кога на својата стори приказна објави нивна заедничка фотографија од прослава во Севиља, каде и двајцата ги воодушевија фановите со својот стилски изглед.
Анастасија блескаше во црвен фустан, со огромен бел цвет во косата и црвен кармин со кој ги истакна полните усни, а многумина ги потсети на вистинска шпањолка.
Од друга страна, фудбалерот носеше свечено одело, но имаше превез на главата.
Како што соопшти Цеца, нејзината ќерка извесно време нема да доаѓа во Србија за полесно да дојде до документи во Шпанија. Анастасија ен беше присутна ниту на прославата по повод раѓањето на нејзиниот втор внук Крстан.
– И таа е со нас цело време. Многу и е тешко и и е жал што не може да биде тука. Веќе ви ги кажав причините, бидејќи чека документи, не може да ја напушти државата. Неколку пати се слушнавме со Немања и Анастасија, цело време бевме во контакт – изјави пејачката на прославата на раѓањето на синот на Вељко и Богдана, Крстан.