Плаче на сиот глас и го гушка пријателот на Немања – прво појавување на Анастасија откако го изгуби бебето
Откако го изгуби бебето, Анастасија го бодреше својот сакан од трибините
Фудбалерот Немања Гудељ вчера играше во финалето на Лига Европа за екипата на Севиља во Будимпешта и неговиот тим победи, а пејачката Анастасија Ражнатовиќ цело време го бодреше од трибините.
Пејачката и покрај сите проблеми што и се случија го бодреше својот сакан од трибините, иако само два дена претходно токму Немања беше првиот кој преку социјалните мрежи соопшти дека го изгубиле бебето.
Пејачката на трибините беше заедно со личниот шофер и пријател на Немања Рашид, а откако тимот на Немања победи токму тој го објави видеото на кое заедно со Анастасија плачат и се радуваат на сиот глас.
„По сé што се случи оваа година, вака треба да биде, фала му на Господ“, напиша Рашид под својата објава на Инстаграм.
По победата и Немања објави фотографија од теренот на која напиша:
„За неа, за него, за тебе“, напиша тој на шпански јазик.
По натпреварот Немања даде изјава и за медиумите во која емотивно зборуваше за сето она што му се случува:
„Најтешкиот натпревар, еден од најтешките што сум ги играл. Но затоа прославата ќе биде многу посебна. Посебно за мене бидејќи имав тежок пад денес со семејството, поминав… цела година се случуваат некои тешки работи, прво со Драгиша, сега со бебето…“ изјави Гудељ со солзи на очите.
View this post on Instagram
Потсетуваме, Немања Гудељ во понеделникот сподели на Инстаграм тажни вести, дека неговата сакана Анастасија Ражнатовиќ, која беше во петтиот месец од бременоста, го изгубила бебето.