Реклама
Новости

Аматер трагач со метален детектор пронашол карпа со злато вредна 240.000 долари

Реклама

Аматерски трагач ископа огромна грутка злато во вредност од неверојатни 240.000 долари.

ФОТО: Принтскрин

Човекот, кој сакал да остане анонимен, барал злато во „Златниот триаголник“ на Викторија – област од Баларат преку Бендиго и до Сент Арнуад, каде што професионални трагачи ваделе злато од 1800-тите.

Тој ја пребарувал областа со детектор за метал Minelab Equinox 800 вреден 1.200 долари. Во еден момент апаратот почнал да бучи и да дава знак дека во близина има злато.

Откако ја откопал грутката тешка 4,6 килограми, човекот го однел своето откритие во Lucky Strike Gold во Џилонг на проценка.

Маркетинг

Трговецот со злато Дарен Камп открил дека карпата се состои од повеќе од половина од нејзината тежина во злато – неверојатни 2,6 килограми.

ФОТО: Принтскрин

Пронаоѓачот го прашал Камп: „О, дали мислиш дека има 10.000 долари во него? Камп го удрил по раката и му рекол: „100.000 долари“.

Маркетинг

Пронаоѓачот бил пресреќен: „Ох леле, сопругата ќе биде многу среќна“.

Мажот потоа му рекол на Камп дека донел само половина од карпата, а другата половина ја оставил „дома“.

Камп истакнал дека човекот имал среќа и го означи неговото откритие како откритие кое се случува „еднаш во животот“.

Цените на златото во Австралија го достигнаа историскиот максимум од 2.943,80 долари за унца на 23 март, што значи дека е совршено време за наоѓање и продажба на благородниот метал.

Дури и малите грутки злато можат да достигнат до 1.000 долари на сегашниот пазар бидејќи инфлацијата продолжува да ја зголемува вредноста на златото.

Камп објасни дека откритието на човекот е доказ дека сè уште може да се најде злато во Викторија и рече дека новопечените трагачи треба да бидат упорни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button