Реклама
CelebrityИнтервју

Александра Јанева: „2019 ќе ја заокружам со албум насловен „Срце отвори“

Реклама

Имавме можност да ја запознаеме како победник  на музичкото шоу „Сите наши песни“ во 2013 година , а подоцна и како победник и на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 2013 и 2016 година. Александра Јанева веќе прерасна во музичка ѕвезда која 6 години активно чекори по музичката сцена. Девојката која успеа да најде спој меѓу музиката и стоматологијата.

Со каква музика порасна Александра?

Маркетинг

Пред некој ден ја отворив листата на Billboard магазинот со најдобрите 100 песни во 2000-тите години и се потсетив на омилените рефрени. Таму се наоѓаат најголемиот број MTV хитови без кои не можев да си го замислам денот. Можам да ги издвојам Mariah Carey, Beyonce, Jessie J и Rihanna како изведувачи кои најмногу ги имам слушано во тинејџерските денови. Ги знаев сите нивни текстови и постојано се обидував да ги копирам нивните изведби. Влијанието од нивната музика сè уште го носам со себе во мојот музички израз.

Маркетинг

Со кој од светските ѕвезди сакаш да имаш дует? Кој е твојот идол?

Често имам периоди кога се вљубувам во некоја песна и посакувам да биде моја или барем дуетска.  Од машките артисти најмногу посакувам дует со James Bay, а од женските би се радувала на соработка со Emeli Sande или Selena Gomez.

Што според тебе недостасува на македонската музичка сцена?

Артистите не можат да функционираат без публика и најважно е да се задржи нивното внимание. Сметам дека артистите и композиторите треба да покажат континуитет и квалитет со кој ќе успеат да го свртат вниманието на публиката кон нивната работа. За жал, најголем дел од домашната публика сè помалку ги следи случувањата на домашната сцена. Како да ја имаат изгубено довербата во нашата музика. Недостасува многу тимска работа, посветеност, повеќе соработки меѓу артистите и повеќе артистичност.

Активна си со твоите настапи низ цела Македонија, каде е најдобрата публика?

Драго ми е што во последните две години со мојот бенд 2BE на забавите разменивме многу позитивна енергија со 90% македонска музика. Публиката покажува дека знае вистински да ужива на нашите најголеми домашни хитови и евергрини. Убаво ни е секаде каде што настапуваме, а доколку морам да издвојам нека бидат Битола, Струмица и Куманово.

Каква е поврзаноста меѓу музиката и стоматологијата? 

Ги поврзува тоа што и за двете професии треба да си уметник на некој начин. Во музиката има многу повеќе креативност и слобода, додека стоматологијата е многу поодговорна професорија.

Кога би требало да одбереш една од твоите професии, за која ќе се одлучиш?

Јас верувам дека треба да бидеш целосно посветен на една активност за да бидеш успешен и најдобар во неа. Секој од нас може да биде талентиран за повеќе работи и тоа е во ред. Доколку човек се сконцентрира целосно во една насока само тогаш ќе успее да ги покаже најдобрите резултати во областа. Во мојот случај, моменталниот избор е дефинитивно музиката и сите активности кои се надоврзуваат на неа.

Што следно може да очекува публиката од тебе?

Во неколку месеци промовирав четири синглови, па тука некаде стопирав со новиот материјал. Уште на почетокот на годината најавив дека сите досегашни песни ќе бидат заокружени во едно ЦД издание со наслов „Срце отвори“. Тоа ќе биде и последен проект за 2019 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button