Реклама
Наши ѕвезди

Александра Пријовиќ реши да тргне по стапките на својата свекрва Брена – наскоро ќе ја гледаме и како актерка во позната серија

Реклама

Пејачката Александра Пријовиќ реши да тргне по стапките на својата свекрва Лепа Брена, па заплови во актерските води.

Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Таа ќе се појави во четвртата сезона на серијата „Убијците на мојот татко“, каде ќе глуми во две епизоди, пренесува Курир.рс

Но за разлика од Брена која снимаше филм за неа, во мегапопуларниот проект „Ајде да се сакаме“, нејзината снаа во серијата има само епизодна улога. Таа игра пејачка во серијата која се вика Мила.

Маркетинг

Како што пренесува Курир, пејачката била воодушевена од новиот ангажман, и покрај тоа што на почетокот била скептична дали ќе може да ја одигра улогата онака како што тоа од неа се бара. Иако постојано истакнува дека бебето кое пред пет месеци го доби со својот сопруг Филип и е приоритет, фолкерката сепак не одолеала на шансата да се проба и како актерка, и тоа во серија во која се појавува и нејзината кума, убавата актерка Јелисавета Орашанин.

Принтскрин

Инаку, ова не е првиот допир на новопечената мама со актерството. Таа и пред две години ја сними нејзината песна „Спомен“ за една театарска претстава („Кафана Балкан“), па и тогаш беше воодушевена што ќе се појави во претстава, а ова сега со појавувањето во серијата ќе биде уште поголем залак за неа. Таа е свесна дека тоа ќе и ја зголеми популарноста, а за улогата и помогна и нејзината кума Јелисавета со која заедно се подготвуваше за пред камерите.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button