Александра Пријовиќ прво зборуваше за своите естетски корекции, а потоа поради ОВА пушти солзи пред камерите (фото)
Пријовиќ потполно си ја отвори душата
И покрај тоа што многу работи од приватниот живот на Александра Пријовиќ и се познати на нејзините обожаватели, секогаш постојат некои детали за кои знаат само нејзините најблиски и никој друг. Но таа неодамна реши да си ја отвори душата и призна дека нејзината мајка се откажала од се’ во животот само таа да биде она што е денес, но и дека досега има направено четири естетски корекции.
Таа додаде и дека била многу тажна кога се разделиле нејзините родители, но и дека и било најтешко кога останала без својот дедо
„Мојот најтежок момент во животот дефинитивно беше пред три месеци“, изјави Пријовиќ со солзи на очите за својот дедо.
На прашањето дали се плаши дека можеби еден ден нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ќе ја остави, Пријовиќ најпрво излажа, а потоа призна дека не била искрена.
„Јас не се сомневам во него, но повторно ќе кажам, никогаш не се знае во животот. Како секој што сака некого, и јас исто не би сакала да останам без него“ – наведе пејачката за време на полиграфското испрашување.
Таа во оваа пригода призна дека добивала и разноразни непристојни понуди во животот, и дека поединци и нуделе и пари за да биде со нив.
„Никој директно ми нема понудено, немав такви понуди, но постоеја приказни кои понекогаш ќе стигнеа и до мене“, беше искрена пејачката.
Таа откри и дека пред неколку години и се пуштал оженет пејач, додека се уште не била во врска со Филип.
Само да потсетиме, убавата пејачка се породи на 6 март оваа година кога на свет го донесе синот Александар. Тогаш Александра и нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ, прв пат се остварија во улога на родители.
Таа за многу брзо време го врати телото во беспрекорна форма, па така само неколку месеци по породувањето предизвика лавина од позитивни коментари со своите фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.
Таа позираше во костим за капење и ги остави фановите без зборови кога ја покажа својата витка линија.