Реклама
Интервју

Александра Пренџова: „Мајчинството многу ме промени, иако на почетокот дадав голем отпор да не ми се промени животот“

Реклама

Доколку имате дете сигурно веќе сте запознаени со инстаграм профилот на Александра Пренџова, каде ја следат повеќе од 6000 следбеници. Инспиративен профил на кој ќе најдете многу корисни работи. Вели дека ја инспирираат храбри и успешни жени како и луѓе полни со живот кои се обидуваат да постигнат на сите сфери од животот, и што се независни. За тоа колку и како ја има променето мајчинството, како се инспирира прочитајте во продолжение…

Вашиот профил на Инстаграм е инспиративен за многу девојки и мајки сметате ли дека во Македонија може да се живее од инфлуенсерство?

Хм, веројатно да ако сте веќе некој лик од јавноста и плус се бавите со тоа. Но за сите други сериозни инфлуенсери мислам дека инстаграмот им е дополнителна заработка или хонорар плус во месецот, не единствен приход. Мене инстаграм ми е хоби, веќе трета година и навистина ми е убаво да поминувам време таму и споделувам корисни совети.

Што најмногу ве инспирира?

Ме инспирираат храбри и успешни жени, секогаш паѓам на приказни од типот на почнале со нула и направиле кула.. ме инспирираат луѓе полни со живот кои се обидуваат да постигнат на сите сфери од животот, и што се независни.

Маркетинг

Има ли некој посебен дел од денот кој ви е најинспиративен?

Веројатно тоа е навечер, кога ќе заспијат сите. Тогаш ми доаѓаат креативни идеи, тогаш размислувам на куп проекти, на иницијативи, едноставно мислам дека некогаш не можам да заспијам од што ми работи мозокот‚ хахах. И кога ќе замислам нешто во глава, морам да го исполнам вака-или онака, последен пример е реновирањето на нашиот дом со сопругот

Која е вашата утринска рутина?

Секогаш во брзање. Важна ми е и последната минута во кревет, пред да дојде Огнен и ми каже ‚стани мама‚ па не се трудам да станувам рано пред сите со некоја посебна рутина. Стануваме, се средуваме и излегуваме сите-некој во градинка, некој на работа.

Маркетинг

Колку и како ве промени мајчинстовото?

Многу. На почеткот давав голем отпор да не ми се промени животот воопшто и моите рутини, но како поминуваше време сфаќаш дека тоа едноставно не е можно, па се препуштив на тоа што си следеше. Ми се сменија приоритетите, начинот на перцепција на работите и секако ми откри милион чувства што не сум знаела дека ги имам.

Што ве прави горда мајка?

Засега они се толку мали, а големи светови што самото тоа што сум благословена да го слушам и гледам него секој ден ми е доволно задоволство и радост. Нормално дека во иднина ќе ме прават горда неговите постапки и градењето на личност со свој идентитет.

Како се одлучивте за името на вашето дете?

Огнен едноставно секогаш знаев дека ако имам машко дете ќе се вика така и тоа беше тоа, немаше компромис едноставно ми се допаѓа тоа име, не е поврзано со некој лик конкретно туку мене лично ми звучи многу силно и впечатливо.

Бјути рутина која редовно ја применувате?

Како и сите бјути свесни луѓе никогаш не легнувам со шминка навечер, иако мојата шминка се состои само од коректор и маскара, секогаш пред легнување го чистам лицето со мицеларна вода, па ноќен крем за лице и околу очи. Во добри денови нанесувам и ноќен серум и пилинг за лице пред кремата.

Што ве прави среќна и исполнета?

Ведри и среќни луѓе околу мене, исполнети и реализирани со себе. Доколку еден човек не е реализиран сам, како може да дава и прима радост од другите..

Како се релаксирате?

Нормално, јас сум мајка и тоа е чаша алкохол навечер хахах се шалам, сакам да се опуштам откако ќе заспие Огнен со една пијачка дома и некоја интересна серија на ТВ, ова во време на корона, инаку пијачка или кафе со пријателка секогаш ми е најдобра терапија за опуштање.

Кои се вашите очекувања за Новата година?

Немам некои посебни очекувања, освен да сум подобра верзија од лани секако мислам дека тоа е тоа што секој човек треба да се стреми да го постигне, нормално имам и други цели кои сакам да ги исполнам но ставам акцет на ова.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button