Александра Заева знае каков матурски фустан да избере – нови модни фотографии на ќерката на премиерот на Македонија
Александра Заева во црно од глава до пети
Ќерката на Зоран Заев која оваа година е матурантка на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои позира во гламурозно матурско издание. Имено, таа носи црна, раскошна тоалета, а од фотографиите на кои изгледа како да е манекенка во некој моден едиторијал, можеме да забележиме дека фустанот е со проѕирен долен дел.
Црната боја е секогаш добар избор за гламурозни и важни настани, какви што се впрочем и матурските забави кои се еден од најважните моменти на секоја тинејџерка, а Александра избра преубав фустан во оваа боја со кој дефинитивно никого не остави рамнодушен.
Транспарентните детали овој пат се во служба на елеганцијата и суптилно откриваат делови од телото, па мораме да признаеме дека ова е смела но и исто толку моќна комбинација која ги воодушеви сите. Таа целото издание го зачини со црн, впечатлив накит и коса виткана во благи бранови, кои беа полн погодок за ова шик издание.