Реклама
Вирално

Александар се враќа дома: Бебето чија мајка на породувањето го загуби животот поради короната успешно закрепнува

Реклама

Малечкиот Александар Ивановиќ, кој е роден со само 920 грама, за два месеци живот се избори со сите големи неволји, достигна 1.740 грама и наскоро ќе си оди дома од Клиничкиот центар Ниш.

Тој е роден 10 недели пред терминот, додека неговата мајка ја губела битката со животот, приклучена на распратор поради заразата од корона, сега Александар се храни од шише, а наскоро ќе биде симнат од кислородна поддршка и се надеваат дека следната недела ќе излезе од болница.

Маркетинг

Малечкиот херој со надчовечки напори на лекарите дојде на свет жив во текот на породувањето на трудницата Бранкица Ивановиќ од околината на Врање, била заболена од коорнавирус и приклучена на респиратор, која тој ден на 27 јули и nочинала.

Според професор д-р Радмило Јанковиќ, директор на Клиниката за анестезиологија и интензивна терапија при Клиничкиот центар Ниш, вели дека бебето е добро и дека е тешко 1.740 грама.

Маркетинг

– Бебето веќе три недели не е на респиратор, старо е 57 дена. Полека но сигурно добива на тежина и ако се биде во ред, како што е сега, би требало наскоро да си оди дома.

Малечкиот борец, чија мајка неколку пати е реанимирана во текот на породувањето за барем тој да се спаси, и натаму е во инкубатор. Д-р Дејан Милојевиќ, началник на интензивна нега при Клиниката за детски болести на КЦ Ниш, вели дека бебето треба да тежи два килограми за да го пуштат дома, на што и набрзо се надеваат.

– Детето доби оцена два на раѓањето – работата на срцето, дишењето, бојата на кожата, сето тоа беше лошо и веднаш е ставен на респиратор. Сепак ултразвукот на главата покажа дека нема никакви промени на мозокот, дека има нормални рефлекси, што е најважно. Но поради токсичното дејство на кислородот детето има слабеење на очниот нерв, односно проблеми со видот. Тоа може да се коригира, веројатно ќе носи очила. Пред да го отпишеме ќе оди на клиниката во Белград каде ќе го прогледа офталмолог, па понатаму таткото ќе продолжи да организира контроли. Малечкиот може да има проблеми и со белите дробови, како што се астма и бронхитис поради апсолутната незрелост – нагласува д-р Милојевиќ и додава дека дете кратко имал и жолтица која е вообичаена за новороденчињата, но и друг вид жолтица, поради токсичните ефекти на лековите и незрелиот црн дроб.

И покрај тоа, нагласува докторот, очекуваат дека детето ќе биде наскоро здраво и ќе излезе од болница.

– Моментално е без антибиотици, делумно јаде преку сонда, а го учиме и да цица, па дел од храната ја зема преку шишенце. Неопходно е дневниот внес на храна да оди исклучиво преку шишенце, да нема инфекции и да додава на килажа се до два килограми. Ако се биде во ред, веќе наредната недела ќе го отпуштиме од болница, а најдоцна за 10 до 14 дена, вели докторот Милојевиќ.

Тој потсетува дека бебето е симнато од респиратор на 25. ден од животот.

– Но веќе после три дена детето имало проблем па мораше да го вратиме на респиратор. Се е несигурно кога детето е родено 10 недели пред време. Но делува дека се оди на добро. Веќе три недели не е на респиратор, го симнавме кога имаше 1.110 грама, но и натаму е на кислород. Моментално е на 30 отсто кислород, кој оди дифузно во инкубаторот. И сметаме дека набрзо ќе го симнене и дека ќе го вратиме на 21 отсто кислород, колку што е процентот во собниот воздух, вели д-р Милојевиќ и нагласува:

– Секој орган е незрел и очекувате да има испад во своите функции. Но сега го очекуваме најдоброто, веруваме дека помина најлошото, и наскоро планираме отпуст.

Таткото Бранислав: Само мојот Александар да е жив и здрав

Бранислав Ивановиќ со нетрпени го исчекува синот единец да дојде во семејниот дом.

– Го видов низ стаклото. Едвај чекам да излезе. Ми рекоа дека треба да биде во инкубатор додека не дојде до тие полни 9 месеци, колку што требаше да биде во стомакот, а тоа ќе биде за две недели. Постојано се молам за неговото здравје, раскажува Бранислав кој на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица влезе во црква.

После се што го снајде, вели:

– Добро сум, имам и некоја терапија. Тешко е, не дај Боже никому. Што да правиме, останува споменот на мојата сопруга. Бог го одредува тоа. Само мене синот да ми биде здрав и жив и да напредува. Мојот Александар велики, така си го викам. Имам сестри близначки па ќе ми помагаат. И тие имаат деца, па сите се радуваме на неговото доаѓање дома.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button