Албанка од Скопје го „запали“ Интернетот – и по две БРЕМЕНОСТИ ни грам вишок на нејзиното тело
Пејачката изгледа брутално во костим за капење
Пејачката и инфлуенсерката Туна Сејдиу никого не остави рамнодушен со својата најнова објава на Инстаграм.
Најпознатата албанска пејачка од Македонија, Алтуна Сејдиу- Туна, во последно време работи со полна пареа
Но и покрај бројните обврски, таа наоѓа време и за одмор, но и за своите верни фанови на социјалните мрежи.
Имено, шармантната пејачка овој пат на Инстаграм објави видео на кое танцува во костим за капење и ги воодушеви сите.
Облечена во минијатурни бикини Туна покажа дека е во топ форма, па следуваа голем број лајкови и коментари.
Таа позираше и танцуваше на плажа, со коктел во рацете, а нејзиното брутално тело никого не остави рамнодушен.
Комплименти на сметка на нејзиниот изглед не престануваат да се редат, а повеќе од јасно е дека пејачката напорно вежба, па сега нема проблем да позира во минијатурно бикини и да го покаже своето тело.
Имено, оваа 37 годишна дама и по двете бремености изгледа неодоливо и секогаш ги воодушевува фановите со своите фотографии.
Таа во последно време има многу обврски околу своите нови проекти, па еден ваков одмор секако дека и е повеќе од добредојден.
Инаку Туна пред две години по втор пат се оствари во улога на родител, така што сега е горда мама на две деца, Тиан и Зен.
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу
Фото: Инстаграм/ Туна Сејдиу