Реклама
LIFESTYLEВирално

Актерот Зафирчев објави страотни фотографии од пожарот: „Ова не е Сибир, ниту Амазон, туку Велес“

Реклама

Актерот Васил Зафирчев објави застрашувачки фотографии од пожарот кој ја зафати околината на Веле.

Kaj езерото Младост, изгоре голема површина на борова шума. „Ова не е Сибир, ниту Амазон, туку Велес. Големиот пожар кој денес на пладне го зафати езерото “Младост”, за само три часа целосно изгоре педесет годишна борова шума, една од малкуте во кои можевме да уживаме во околината на градот. Пожарот го предизвикале несовесни работници, а штетата е огромна и неповратна. Жално“, напиша Зафирчев на неговиот фејсбук-профил.

Четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалица, се приведени во СВР Велес под сомнение дека го предизвикале пожарот што денеска избувна над езерото „Младост“.Се разговара со лицата и тие ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат за МИА од СВР Велес.

Маркетинг

Како што информираат од ТППЕ Велес за МИА, шумскиот пожар е се уште активен. Локализиран е пожарот кај селото Новачани, а во моментов гори покрај патот за езерото. Нема опасност за куќи и викендици. Во моментов горат трева, трње и бор.

Противпожарната бригада на Град Скопје излезе во пресрет на барањето на Општина Велес и ќе помогне во гаснењето на пожарот во Велешко. Во 19.40 часот сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес беше нормализиран, соопшти АМСМ.

Маркетинг

Поради пожарот кој ја зафати околината на езерото Младост и продолжи да се шири и кон автопатот, од 18.10 часот од автопатот Скопје – Велес, од клучка Башино село до влез на град Велес, возилата беа пренасочувани по регионалниот пат езеро Младост кон Велес.

Фото: Фејсбук, Васил Зафирчев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button