Реклама
Вирално

Ако се сомневате дека имате КОРОНАВИРУС, еве кога е најсигурно да излезете меѓу луѓе без страв дека може да заразите некој

Реклама

Во моментот кога голем број луѓе со благи симптоми се сомнвеваат дека имаат коронавирус, а сепак не посетиле лекар или се на домашно лекување, се поставува прашање кога е безбедно да комуницираат со други без страв да не ја заразат околината.

„Генерално се смета дека лицето повеќе не е заразно ако поминат 10 дена од позитивниот тест, ако немате симптоми, ниту температура“, истакнува д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести и Универзитетот Вандербилт во Тенеси.

Маркетинг

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека безбедното време кога лицето се опоравило од коронавирусот зависи од низа фактори.

Оние кои имале коронавирус со изразени симптоми може да комуницираат со други најмалку 10 дена од почетокот на симптомите, и тоа ако поминале најмалку 24 часа без температура и конзумирање лекови кои ја снижуваат.

Маркетинг

За оние кои имаат позитивен тест, а немаат симптоми, препорака е да чекаат 10 дена од денот кога добиле позитивен тест.

Оние со изразено ослабен имунитет, треа да се консултираат со лекар и да размислат за изолација која е подолга од 10 дена. Тие не би требало да контактираат со други доколку не добиле два последователни негативни тестови.

Експертите велат дека опоравувањето е сложено и не мора нужно да значи дека лицето се чувствува потполно добро.

„Симптомите можат да потраат прилично долго, па не се чека целосно опоравување, туку да изостанува температура без лекови кои ја намалуваат, со прогресивно подобрување на другите симптоми“, вели за “Хелтлајн“ д-р Дин Блумбер, шеф за заразни болести на педијатрија во Детската болница во Калифорнија.

„Некои луѓе се опоравуваат многу брзо и не се заразни за други, а кај другите би биле шансата за пренос би можела да остане“, рече тој.

Дури и ако лицето се оправило од коронавирус, експртите советуваат да биде и натаму внимателна кога го напушта својот дом, односно да почитува физичка дистанца и да носи заштитна маска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button