Реклама
Наши ѕвезди

„Ако се случи тоа, веднаш си заминувам“: Саша Матиќ откри поради што би ја напуштил сопругата со која е 16 години во брак

Реклама

Саша Матиќ со својата сопруга Анџелија е 16 години во брак и имаат две ќерки – Александра и Тара.

Тој неодамна во интервју за српскиот таблоид „Ало“ искрено призна што би го натерало да си замине од неговата сопруга со која инаку е во складен брак.

Маркетинг

Мојата сопруга и ќерките навикнаа поради работата што ја работам многу често да не сум дома и ме разбираат. Кога сум дома, се обидувам да поминеме квалитетно време и потполно да му се посветам на семејството. Многу често ме прашуваат дали сум строг или попустлив татко, но јас не сум ни едното ни другото, бидејќи никогаш не сум тука“ изјави искрено пејачот и додаде која е тајната на неговиот успешен брак.

„Не постои тајна. Љубов, разбирање и поддршка, а кај мене постојат сите овие работи. Ако ме прашувате дали понекогаш морам да се оправдувам, бидејќи не сум дома, поштено ви велам, не се оправдувам ни на самиот себеси. Кога сум дома, мора да биде добра атмосферата, да се согласуваме, смееме и уживаме, а ако не е така, веднаш заминувам. Знам дека тоа е себично, но тоа е вистината. Тоа истото важи и за бракот, ако атмосферата помеѓу мене и сопругата беше лоша, јас би заминал“, откри Саша.

Маркетинг

Инаку, близнаците  Дејан и Саша Матиќ се родени на 26. април 1978 година како здрави, но прерано родени. Затоа мајката и таткото морале своите деца да ги сместат во инкубатор во породилиштето во Загреб. Од неутврдени причини (најверојатно невнимание на медицинската сестра), двете бебиња по само неколку дена во болница, ослепеле, а тој недостаток судбината им го вратила со извонредниот музички талент па така тие веќе со години се едни од најпопуларните пејачи во Србија и во регионот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button