На секој љубител на миленичиња, кучињата заземаат посебно место во нивните срца. Кучињата се полни со љубов кон нивниот сопственик, но исто така се разиграни и заштитнички настроени кон него.
Повеќето кучиња тешко го продолжуваат животот без сопственик и секогаш ќе го сакаат безусловно, без разлика што се случува меѓу нив. Тешко е да се има овој однос со некое друго животно. Кога тие се толку добри, им должиме малку за да ги направиме посреќни.
Ова се пет едноставни работи кои ќе ги направат посреќни и повеќе благодарни:
Оставете ги нека одта без ланец. Тогаш тие се потполно слободни и среќни!
Отстранете им го каишот од вратот. Како ќе се чувствувате вие кога би имале нешто блиску до вратот?
Купете храна за специјални прилики. Тие сакаат да се чувствуваат посебно.
Нека се дружат со други кучиња и луѓе. Тие се општествени суштества.
Помогнете им барем еднаш дневно. Тие имаат големо срце и ќе ви вратат со својата љубов!