Реклама
Дом и семејство

Ако вашето дете сака диносауруси, тогаш е супер паметно, велат истражувањата

Реклама

Ако вашето дете е опседнато со диносауруси и знае за Ти-Рекс, треба да бидете среќни. Зошто? Според последните истражувања се покажа дека ова значи вашето дете има тенденција да биде натпросечно интелигентно – тоа најверојатно ќе може подобро да се фокусира, да научи повеќе за јазичните вештини и може подобро да ги обработува информациите.

Накратко, децата кои ги сакаат диносаурусите ќе бидат подобри и попаметни ученици, а ова се докажува во три одделни студии посветени на она што науката го нарекува „интензивни интереси”. Уште во 2007 година, во магазинот „Developmental Research“ беше објавено истражување според кое 1/3 од децата во одреден момент развиваат посебен интерес за некоја тема, а диносаурусите се најпопуларна опсесија.

Маркетинг

Научниците сé уште не сфатиле што го предизвикува овој интензивен интерес кај децата, но сигурно е дека децата од втората до шеста година можат да именуваат повеќе диносауруси отколку нивните родители.

Маркетинг

Педијатарскиот психијатриски терапевт Кели Чен смета дека ова е доказ дека можете да учите без да знаете дека го правите тоа. „Поставување прашања, пронаоѓање одговори и стекнување стручност од одредена област е општ процес на учење. Проучувањето на темата и нејзиното усвојување е корисно бидејќи создава знаење “, објаснува таа и додава дека првичната окупација на детето е играта и дека најдобро се учи преку неа, а наученото останува за цел живот.

Но, не станува збор само за диносаурусите, туку и за тоа дека децата сакаат да покажат дека знаат повеќе и дека се подобри од своите родители. „Поради тоа тие се чувствуваат моќни. Ако родителот може да именува три или четири видови диносауруси, а детето 20, тоа во себе ќе развие чувство на авторитет “, вели палеонтологот Кенет Лаковар.

Споменатото истражување покажа дека интересот за одредена тема кај децата значително се намалува во рок од шест месеци до три години, но она што децата со својата опсесија ќе го научат во овој период останува засекогаш.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button