Популарниот хрватски пејач и фронтмен на групата „Парни ваљак“ Аки Ракимовски доби ќерка со 48-годишната Словенка Барбара Васел.
Ќеркичката се вика Антонија. Барбара е медицински техничар, а Аки досега има две деца од два брака.Девојчето е родено пред три месеци, а веста ја потврдила мајката на таинствената здравствена техничарка од Словенија.
Парот својата врска досега ја држеше подалеку од очите на јавноста, а поголемиот дел од времето го поминуваат заедно во Словенија.
За приватниот живот на Аки малку се знае. Двапати се венчал, а од првиот брак го има синот Кристијан, исто така познат музичар. Вториот брак, со таинствената Ингрид, траел 14 години и до пред неколку години се пишуваше дека се среќни заедно. Заедно ја имаат ќерката Дина.
Со Ингрид скоро никогаш не се појавувал во јавност, па малкумина знаат како изгледа таа.
„Приватниот живот треба да остане приватен. Мојата сопруга не бара да се експонира покрај мене и навистина, секогаш кога се појавуваме на некој настан, фотографите знаат дека таа не сака да се фотографира, и не нè фотографираат нас. Често се случува во медиумите да излезе фотографија од мене со друга жена, а таа вели: ‘Од кога станав русокоса?’ Парите не се важни. Најважно е семејството“, рекол Аки во 2017-та година за српскиот Блиц.
65-годишниот пејач на „Парни ваљак“ пред неколку месеци имаше медицински проблеми и полесен срцев удар.