Реклама
Наши ѕвезди

Адријана Алачки е домаќинка и пол – погледнете како ја подготвува зимницата

Реклама

На оваа домаќинка и нема рамен во кујната,

Фото: Адријана Алачки (Фејсбук)

Пејачката Адријана Алачки веќе долго време работи и како водителка на популарното кулинарско шоу „Вкусот на традицијата“, а воедно е и претседателка на ГастроМак, па сигурни сме дека не и е проблем кога ќе дојде есента и кога треба да се подготвува зимница. Пејачката се потруди нејзините најмили за време на претстојните студени денови да можат да уживаат во домашен ајвар, туршија и сите останати потребштини, а како изгледаше додека ги полнеше теглите за во шпајз погледнете во продолжение.

Таа за оваа пригода носеше тесни панталонки, кошула со риги и блуска, а во центарот на вниманието е и црвениот кармин во знакот на пиперките. Општо познато е како пее, но и дека во своето домаќинство знае да ги засука ракавите и работите да ги преземе во свои раце.

Маркетинг
Фото: Адријана Алачки (Фејсбук)

Инаку, водителката е и претседателка на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија. Таа неодамна го најави „ГастроМак 2019“ на кој годинава ќе присуствуваат над 300 учесници од целиот свет – Дагестан, Азербејџан, Русија, Кореја, Италија, Франција, Украина, Турција, Албанија, Србија, Хрватска, па дури и од далечниот Сибир.

Фото: Адријана Алачки (Фејсбук)

Од „ГастроМак“ најавуваат дека натпреварот е логистички поддржан од WACS – (World Association of Chefs Societies), Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. Токму затоа, целта на Асоцијацијата е да се грижи за богатата традиционална култура на нашето, македонското поднебје, и „да ги промовира едукативните процеси кај готвачите и да воведе светски кулинарски трендови во чекор со современата македонска кујна – информираше шеф Љупчо Гиевски.

Маркетинг

На средбата со новинарите беше објавен годинешниот претседател на судскиот тим – познатиот Стево Карапанџа, гастрономски гуру, кој оставил толку многу багаж зад себе, па и по скоро 50 години, предизвикува почитување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button