Адвокатот Јанаки Митровски со романтичен потег ги воодушеви дамите: „Изгубен би бил без жена ми“
Познатиот македонски адвокат ги воодушеви сите со овој потег.
Јанаки јавно ѝ се заблагодари на својата сакана.
Јанаки Митровски е еден од најпознатите адвокати кај нас, кој често го гледаме на малите екрани.
ФОТО: Фејсбук / Јанаки Митровски
Познат е по тоа што „нема влакна на јазиот“ особено кога треба да се истера правдата.
Многупати на луѓето им помага без пари, само правдата да излезе на виделина.
ФОТО: Фејсбук / Јанаки Митровски
Воопшто не се „стега“ да ги изрази своите ставови и скоро секогаш е насмеан.
Приватно е посветен татко и сопруг.
ФОТО: Фејсбук / Јанаки Митровски
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први”, а оженет е со својата колешка од факултет Маријана Митровска.
Плод на нивната љубов се нивниот син и ќерка.
ФОТО: Фејсбук / Јанаки Митровски
Јанаки е активен на социјалните мрежи каде често споделува семејни фотографии.
Иако на телевизија говори само за актуелните ситуации во земјата, овој пат одлучи да направи еден прекрасен гест, односно јавно да ѝ се заблагодари на сопругата за сѐ што прави за него и нивното семејство.
ФОТО: Фејсбук / Јанаки Митровски
„Жена ми е многу скромна, ич не сака да се експонира. Не сакам ни јас, но едноставно ѕвездата ми е таква. Никогаш јавно сум ѝ се заблагодарил за сѐ што прави за мене и семејството. Навистина ни е столб. Изгубен би бил без жена ми. Дома од долен веш, до јадење, до детаљ цакум-пакум. Многу обврски си става на себе и тоа зема данок врз нејзе. Јас ја форсирам што помалку да работи, а повеќе да ужива во животот. Јавно сакам да се заблагодарам маченце за сѐ што правиш а мене и за семејството“, кажа Јанаки.