Агнеса ги откопча панталоните и ја покажа тетоважата – русокосата убавица ги изненади сите и со овој детаљ
Никогаш не изгледала поубаво ...
Инфлуенсерката Агнеса Органџиева не крие дека ги сака тетоважите, а сега пред своите фанови се пофали со нова.
Органџиева веќе има неколку тетоважи на своето тело, а сега направи и една нова во пределот на стомакот.
Таа на својот профил на социјалните мрежи сподели снимка од моментот додека се тетовира, пресреќна што има нов цртеж на телото.
Но и покрај тоа што Агнеса во преден план ја истакна тетоважата, на многумина им привлече внимание и нешто друго.
Имено, нејзината нова тетоважа се наоѓа во пределот на половината, а нејзините фанови забележаа дека е поприлично ослабната.
Инфлуенсерката пред некое време реши сериозно да му се посвети на вежбањето, а резултатот од напорните тренинзи е повеќе од очигледен (погледнете ги фотографиите на крајот од галеријата).
Таа сега изгледа подобро од кога било досега, а со тазе тетоважата е подготвена и за своите нови костими за капење.
Како нејзините фанови би можеле да видат подобро за што станува збор, Агнеса позираше со раскопчани фармерки и подигната маичка, а нејзините фанови забележаа и дека храбро го издржа тетовирањето.
Шармантната русокоса сега има три нови ѕвезди распоредени рамномерно во линија на нејзината тенка половина.
Таа има тетоважа и на раката, но и едно мало срценце на скриено место која неодамна ја покажа на Инстаграм.
Повеќе од очигледно е дека Агнеса сака да се „црта“ по своето тело, па нема да се изненадиме ако наскоро направи уште нешто.
Инаку, Агнеса порано беше во брак со поранешниот директор на Агенција за електронски комуникации, Роберт Орданоски. Таа и поранешниот сопруг решија да се разделат пред две години, а останаа во пријателски односи. Имаат две ќерки, Вивиен и Тифани.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева