Oвој месец според астролошките предвидувања ќе биде многу тежок месец, особено за одредени хороскопски знаци.
фото илустрација
Астролозите тврдат дека поради тоа што Плутон, Нептун, Венера и Сатурн се ретроградни, а наскоро ќе им се придружи и Меркур не очекува месец кога не треба да се носат важни одлуки.
фото илустрација
Доколку треба да донесете важни одлуки во август, многу е важно да ги одложите до есен, бидејќи планетарната ситуација е таква што лесно можете да погрешите во проценката.
фото илустрација
Поради ретроградниот хаос на небото, знаци кои најмногу ќе настрадаат во август се Девица, Близнаци, Бик и Риби.
фото илустрација
Девица
Марс во вашиот знак ви донесе потреба од иницијатива и посветеност, но некако гледате дека сите ваши напори паѓаат во вода. Затоа сте нервозни и лесно влегувате во конфликти. Имате потреба да им замерувате на другите за начинот на кој го водат својот живот, а тоа води до големо недоразбирање.
фото илустрација
Кога Меркур ќе тргне во ретроградна линија на 24 август, имајте на ум дека вашата рационалност ќе биде намалена.
фото илустрација
Близнаци
Вие сте еден од знаците кои се под голем притисок од Сатурн во Риби и Марс во Девица. Сè ви пречи, а имате деловни и семејни проблеми. Моментално сте на сите страни, а секоја ваша иницијатива изгледа залудна. Ретроградниот Меркур ќе ви донесе хаос на крајот на месецот, па внимавајте што потпишувате.
фото илустрација
Бик
Јупитер (планетата на среќата) е во вашиот знак, па затоа ве штити, поради ретроградната Венера но склони сте на непромислени потези.
фото илустрација
Многу е важно да немате големи очекувања до 4 септември. Ова се однесува на деловниот и приватниот живот. Во моментов правите еден чекор напред и два чекори назад.
фото илустрација
Риба
Сатурн почна да го прави своето, па вие сте под судбоносен удар, кој на моменти не можете да го поднесете.
фото илустрација
Сакате да го промените целиот свој живот, но не знаете од каде да започнете. Деловните и приватните партнерства ќе бидат ставени на тест од 24 август.