Џулија Робертс изгледа неодоливо во новиот костум од Burberry

Холивудската кралица одамна е миленичка и на Рикардо Тиси

Тие заедно ја започнаа соработката пред 3 години во кампањата за Givenchy и од тогаш актерката со најубавата насмевка редовно избира негови креации за црвениот килим. Затоа не треба да не чуди што и сега оваа згодна жена го поддржа својот миленик меѓу дизајнерите, во моментите кога и самиот е на голем деловен пресврт.

ADVERTISEMENT

Имено, на еден настан што се случи во Лондон, на кој беше претставена новата серија Homecoming во која Џулија Робертс ја игра една од главните улоги, таа се појави во костум во нежна беж нијанса сочинет од плисирано здолниште и лежерен блејзер под кој носеше тесна маица во слична нијанса.

Комплетната комбинација е со потписот на Рикардо Тиси и неговата деби колекција за „Burberry“.

Дизајнерот веднаш на својот Инстант сподели сликата со коментарот „The one and only Julia. Looking so beautiful in @burberry #kingdom“.

Инаку, Тиси неговата колекција ја нарече Kingdom во желбата да покаже симбиозата на британскиот идеал, монархија и историјата зад бреднот кој ушше сега се смета за културно наследство на Велика Британија.

А во кралството на Тиси, Џулија сигурно е кралица!

Facebook Comments
No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.