Џулија Робертс е вистинска копија на оваа жена – и по толку години, НЕ МОЖЕ да ја преболи и секојдневно да не помисли на неа

Никогаш досега не покажала колку си личат …

Како и на многу други жени, и на Џулија Робертс нејзината мајка и беше голема поддршка во одгледувањето на децата.

ADVERTISEMENT

Нејзината мајка Бети Лу Бредемис живееше 80 години, а почина во 2015 од рак на градите.

Џулија веќе неколку години речиси секојдневно размислува за неа, и иако со секој нов ден и било полесно, смета дека секој што бил близок со својата мајка во животот тоа никогаш не може да го преболи до крај.

„Кога не напушти, имав чувство дека го гледам нејзиното име насекаде. Ќе се свртам и ќе видам натпис Бети – дури и кога патував во Африка неколку пати го сретнав нејзиното име“, вели таа.

„Мојата мајка и покрај работата самостојно ме одгледуваше мене и моите две сестри, а бидејќи братот Ерик беше доста постар, брзо се исели од куќата и имаше една грижа помалку“, изјави Џулија во едно нејзино интервју.

Неодамна на Инстаграм Џулија објави фотографија од младоста на нејзината мајка која неодоливо потсетува на неа.

Таа во описот едноставно напиша „мама“ и на тој начин уште еднаш и оддаде почит и ги воодушеви сите.

Само да потсетиме, Џулија Робертс своето семејство го основаше во 2002 година, со режисерот Данил Модер, со кого за помалку од три години доби три деца.

Бидејќи тоа беше голем предизвик за неа, често знаеше да побара совет од својата мајка. „Ќе ја прашав како таа самата успеала да одгледа толку деца, а таа, наместо да ми продава приказни за совршено мајчинство, духовито би кажала работи како – па тоа ти се вика детска градинка, драга. Бев толку благодарна што не ме оптоваруваше со приказните за тоа како треба да се биде совршена мајка“.

 

Facebook Comments
(Visited 51 times, 1 visits today)