Брачниот пар Клуни – Амал и Џорџ, по гласините дека имаат проблеми во бракот, според пишувањата во странските медиуми повторно очекуваат близнаци.
Неодамна извор за магазинот „Latin Times“ раскажа дека додека бил гостин на нивниот имот што го имаат на езерото Комо, Амал имала трудничко стомаче, а наводно тоа го „забележал“ и еден фотограф.
Како што вели изворот за овој магазин, Џорџ бил поприлично возбуден и загрижен во исто време што повторно ќе добијат близнаци. Имено, тој е загрижен како покрај двегодишните ќерки Ела и Александра ќе се снајдат со уште две мали бебиња кои веќе се на пат, тврди изворот.
Но од друга страна новата бременост ги зближила Џорџ и Амал да бидат заедно како никогаш досега.
„Џорџ помалку патува за Лос Анџелес па затоа со Амал сега имаат повеќе време за брачно советување. Повеќе не се расправаат толку често“, додава изворот. Според него, Џорџ го замолил Бред Пит да му помогне и кога се заедно да ја преземе улогата на дадилка, додека за кумство ќе го замили поранешниот претседател на Америка, Барак Обама.
Мишел Обама е добра пријателка со Амал, како и Меган Маркл, па тие веќе планираат што да му купат на бебето.
Досега никој од нив се нема огласено на оваа тема.