Анџелина Џоли во сребрен фустан со кој ги мамеше погледите
Познатата холивудска актерка во последно време навикнавме да ја гледаме во црно од глава до пети, па затоа оваа промена преставува вистинско освежување. Сребрените реси на вистинскиот начин ги истакнаа нејзините облини, а самата боја беспрекорно го нагласи нејзиниот тен.
Анџелина целото издание го заокружи со големи висечки обетки и шик високи потпетици во иста боја кои феноменално се вклопија во целиот стајлинг, а неутралната шминка направи одличен баланс со ефектниот фустан.
На црвениот килим заедно со Анџелина беа ќерката Захара и синот Мадокс, а убавата актерка цело време не ја тргаше насмевката од нејзиното лице додека неуморните фотографи ја следеа на секој чекор и фотографираа.