Џиџи Хадид повторно ни покажа зошто е една од највлијателните стилски инфлуенсерки

Ново беспрекорно street style издание на познатата манекенка


Џиџи Хадид на улиците на Њујорк се прошета во неверојатно шик издание кое би можело да го сместиме во деловниот стил, но и како мошне автентична комбинација поради кои познатата манекенка е и најпрепознатлива.

ADVERTISEMENT

Имено, таа носеше панталони-ѕвонарки со нешто подлабок струк и блуза ставена во панталоните со која ја нагласи нејзината женствена линија. Сакото кое исто така е со црно-бели риги е во пар со панталоните и е украсено со впечатливи бели копчиња, а целото издание го заокружи со мини црна чанта и црни шпиц чевли.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed