Џими Мицевски од „Молика“ си најде замена? ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ, ова никој не го очекуваше!
Вест што изненади многумина
Ова беше вистинско изненадување за сите
Бродоломот на брачниот пар Мицевски кои беа и дел од групата „Молика“ предизвика голем внимание во јавноста.
Веста дека се разведуваат ги изненади сите, но предизвика и многу шпекулации во чаршијата во врска со причините што довеле до тоа тие да се разделат. Анета набргу по разводот на социјалните мрежи си го врати презимето Љумаковска и продолжи со својата соло кариера, а неколку пати излезе во јавност и истакна дека не сака да зборува премногу на оваа тема. Од друга страна и Џими реагираше достоинствено, како вистински џентлмен, без да открива детали и да фрла масло во огнот предизвикан од озборување.
Впрочем, како што изјави и самата Анета, тоа е нивен приватен живот и јавноста не треба да ги знае сите поединости.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
И за тоа е потполно во право, а колку и двајцата останаа коректни кажува и тоа што решија заедничките настапи со „Молика“ што ги имаа закажано од претходно, да ги одржат (види тука).
Впрочем тоа покажува и за какви професионалци се работи и колку се посветени на својата работа.
Но токму затоа и сега сите ги изненади најавата за еден настап на „Молика“ во Германија, но на кој нема да пее Анета.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, на официјалната страна на бендот објавен е промотивниот постер со кој се најавува дека „Молика“ ќе настапи со Сузана Гавазова.
Многумина беа изненадени што познатата пејачка ќе настапи со бендот, но тоа очигледно не треба да чудни никого.
Имено, и Анета во последно време сé почесто може да се види како настапува и пее со различни бендови, а деновиве ја објави и својата прва песна „Жива“, со која што ја воодушеви својата публика.
Фото: Фејсбук
Очигледно дека Анета и Џими и покрај сите турбуленции продолжуваат да го прават она што најдобро го знаат, само што сега секој на своја страна, подготвувајќи нови изненадувања за публиката.
Фото: Фејсбук/ Молика
Фото: Фејсбук/ Молика
Во продолжение прочитајте нешто и за новата песна на Анета >>
Емотивна како никогаш досега – од овие зборови на Анета многумина изненадени, ова не го очекуваа >>