Џејла Рамовиќ ги шокираше фановите со својата најнова фотографија – ПОВТОРНО се шират гласини дека е во врска со Шерифовиќ
Шармантната пејачка Џејла Рамовиќ досега речиси секогаш сме ја гледале во одмерени и префинети изданија, така што ова беше големо изненадување за сите.
Џејла и кога дава интервјуа изгледа скромно и одмерено, а тоа се однесува и за нејзините објави на социјалните мрежи.
Преферира младешка облека, но во грациозен и елегантен стил, со нежна шминка и преубава фризура.
Но токму затоа и фановите ба изненадени кога младата пејачка позираше со несредена фризура, покажувајќи како изгледа откако цел ден ќе помине на плажа, па фановите и порачаа дека изгледа преубаво и дека почесто треба да ја покажува својата дива страна со која ги воодушевува сите.
Инаку, Џејла деновиве ужива во Барселона заедно со Марија Шерифовиќ од каде редовно објавуваат фотографии.
Со нив е и мајката на Џејла, Едита, што е посебно интересно бидејќи се шушкаше дека нејзините родители не го одобруваат блискиот однос на младата пејачка со српската победничка на Евровизија.
Само да потсетиме, Џејла и Марија порано често престојуваа во исти хотелски соби, па во естрадните кулоари почна да се шират гласини дека помеѓу нив двете има нешто повеќе од едно обично пријателство.
„Ме болеа аферите што ми ги пакуваа за Марија. Јас сум млада личност, секако дека тоа ме засега и боли. Но издржав се“, изјави тогаш Џејла за Блиц, додека на оваа тема коректно единствено зборуваше таткото на Марија, Рајко Шерифовиќ, кој јавно го поддржа нивниот пријателство.
„Џејла беше на концертот на Марија во Крагуевац, преубава девојка е, ме воодушеви со своите манири, харизма и добрина. Тие двете и треба да бидат заедно, а најважно е искрено да се сакаат. Таа има се што мојата ќерка посакува од партнерот. Ме радува што мојата ќерка е среќна, а во тој случај полот е најмалку важен“, изјави за српскиот „Курир“ таткото на Марија, па го додаде и следново:
„Не е важно дали ќе се жени или мажи. Ова со Џејла е нешто посериозно, не е авантура и мислам дека односот треба да го крунисаат со брак. Не ме интересира кој што зборува, бидејќи и за мене зборуваа дека сум коцкар и пи*андура“, изјави за српските медиуми таткото на Марија.
По ова се огласи и Шерифовиќ, која тогаш реши да им стави крај на гласините што се појавија во медиумите.
Еве како таа им стави крај на гласините:
„Не планирав да ги коментирам сите вести што во последните пет, шест дена ги преплавија медиумите. Но бидејќи гледам дека почнале да вклучуваат и измислени изјави на нашите семејства, морав да реагирам“, започна Марија и продолжи со следниов коментар:
„Никогаш не била тајна дека по натпреварот измеѓу нашите семејства се разви големо пријателство, кое нема да заврши заради било чии лоши или злонамерни идеи и изјави. Така што се што читавте и што ќе читате е една голема лага. Постои нешто што многу ме изнервира, не е фер на мојот татко да му се ставаат зборови во уста, човек кој во моментов се наоѓа во болница и чека операција. Така што треба да се засрамите заради тоа“ порача тогаш Шерифовиќ.
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ