Ако сакате да имате преубаво и извајано тело како на познатата актерка, тогаш треба и поштено да се потрудите.
Убавата холивудска актерка Џесика Бел досега многу пати ни има покажано дека без проблем ги прави и најнапорните вежби во теретана, а сега ни откри благодарение на која вежба има така одлично извајани нозе.
Денот кога треба да се вежбаат нозе е еден од најтешките, тоа го знаат сите што барем еднаш вежбале во теретана, а Џесика очигледно не се плаши од вежбите со кои ќе ги активира листовите, бутот и задникот.
Нејзиниот тренер објави видео на Инстаграм со кое покажа како Џеси вежба посветено на својот тренинг и која вежба најчесто ја практикува за да има совршени нозе.
https://www.instagram.com/p/Bxsa3Z-BwAU/?utm_source=ig_embed
Тој во описот на видеото напиша дека на Џесика и поставил предизвик за 8 секунди да го спушти телото во скејтерски чучањ. Вежбата е толку тешка и напорна што најдобро е да се изведе само по 6 пати од секоја страна, а Џесика очигледно тоа може да го направи без проблем.