Реклама
Холивуд

Џесика Алба: „Потфрлив како мајка“

Реклама

Ова најдобро ќе го разберат мајките…

Еден од омилените актерки во Америка, 37-годишната Џесика, е мајка на три прекрасни деца, а родителството и е најважниот елемент во нејзиниот живот и секогаш се обидува да биде најдобра мајка. Сепак, никој не е совршен, па така и актерката, но таа е свесна за своите мајчински грешки и се обидува да не ги прави често. Иако нејзините деца, 10-годишната Хонор, седум годишната Хев, и едногодишниот Хејс, се вистински среќници што имаат мајка како неа, со некои методи кои ги користи во воспитувањето на своето „фантастично трио” актерката и не е баш најзадоволна.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BvvZgMVlfGK/?utm_source=ig_embed

„Кога едногодишниот ќе направи голема нужда и кога ќе ги замолам седумгодишната и десетгодишната да исчистат зад мене… Половина од тоа ќе заврши во кадата. Требаше да го фрлам во тоалетот, но не сакав да се доведам во ситуација половина од тоа да ми падне на подот“ напиша Џесика искрено под фотографијата на која позира со децата и додаде (шегувајќи се, секако!) дека се чувствува како да потфрлила како мајка во воспитувањето на своите деца.

Маркетинг

Само да потсетиме, Џесика Алба е во брак со 40-годишниот филмски продуцент, Кеш Ворен, и Хејс се роди на Стара Нова година во 2018. Убавата актерка возбудата дека е бремена не ја криеше, а и рано го откри полот на бебето, па така и нејзините ќерки беа пресреќни што им доаѓа братче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button