Џесика Алба во чевли кои се свршено решение за ниски девојки

Актерката и бизнисменка Џесика Алба (37) беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес додека се шеташе без грам шминка на лицето и во релаксирана верзија.

За разлика од нејзините колешки кои и надвор од црвениот килим најчесто носат високи потпетици, Џесика ги избегнува, и речиси постојано избира рамни обувки.

ADVERTISEMENT

Овој пат, убавата актерка „фураше“ модел на чевли со дебели ѓонови (chunky) кои во моментов и се омилени.

Во прашање е модел кој дава визуелен ефект и го издолжува телото, но истовремено е и многу поудобен за носење од чевлите со класични високи потпетици.

Иако на прв поглед овие робусни чевли можеби и не изгледаат претерано „фенси“, тие се одличен избор за оние кои сакаат да додадат неколку сантиметри во својот изглед.

Facebook Comments
(Visited 1.550 times, 1 visits today)