Џенифер по четврти пат кажа „ДА“ – но веднаш откако ја запросија со џиновскиот прстен, нејзиното момче го обвинија дека ја изневерува

ADVERTISEMENT

Веста дека Џенифер Лопез и Алекс Родригез се свршија одекна со брзината на светлината. И двајцата објавија слики од прстените на нивната официјална страница на Инстаграм, каде Алекс напиша „таа кажа Да”.

Парот беше активен на Инстаграм целиот одмор, објавувајќи фотографии од бајковитите плажи, и прекрасните зајдисонца, па нивната веридба секако беше соодветен крај за еден ваков романтичен одмор од соништата.

ADVERTISEMENT

Лопез и Родригез се неразделни од кога почнаа да се забавуваат, од февруари 2017 година Тие дури и вежбаат заедно, носат исти пижами за новогодишната ноќ, а секако го координираат нивното слободно време. А од она што можевме да го забележиме досега, не се ни срамежливи кога станува збор за изразување на емоции во јавноста.

Но додека едни се нестрпливи и сакаат што поскоро да ја видат пејачката во нејзината четврта венчаница, на социјалните мрежи се огласи поранешниот бејзбол играч, Хосе Канеско, кој веднаш по објавувањето на романтичната вест објави дека Алекс ја изневерува Џенифер и дека се уште се гледа со неговата поранешна сопруга

ADVERTISEMENT

View this post on Instagram

she said yes ♥️

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) on

View this post on Instagram

Down time 💙⚾️🎥

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

 

 

„Ја гледам емисијата The World Of Dance како Џенифер му пишува на Алекс Родригез. Дали таа знае дека ја изневерува со мојата поранешна сопруга Џесика? Кутрата жена, таа нема поим кој е тој всушност“, напиша тој во неговата објава на социјалната мрежа Твитер.

 

„Алекс престани да бидеш ѓубре и престани да ја изневеруваш Џенифер Лопез, напиша тој во уште еден негов коментар на Tвитер.

 

Тој тврди дека присуствувал на телефонски повик пред неколку месеци кога Алекс наводно и се јавил на неговата поранешна сопруга и дека е спремен да оди и на детектор за лаги за да докаже дека тоа што го зборува е 100 % вистина.

 

Facebook Comments
(Visited 615 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT