Џенифер Лопез одговори на критиките дека има вишок килограми: Моите големи облини НИКОГАШ не ми пречеле (фото)

„Вака изгледаме и тоа е она што е убаво – вака ми зборуваа мојата мајка и баба, а татко ми едноставно го обожаваше телото на мојата мајка.“

Џенифер Лопез не се обидува како многу други познати дами да се вклопи во холивудските стандарди за убавина и да изгледа што послабо. Таа никогаш не ги криела своите облини и секогаш гордо ги покажувала, а во едно нејзино интервју за странските медиуми призна дека некои соработници, во текот на нејзината кариера, не го одобрувале тоа.

ADVERTISEMENT

 

„Моите облини никогаш не ми пречеле, но имам добиено многу критики од луѓето во забавната индустрија. Тие многу пати ми имаат кажано: ’Мораш да изгубиш неколку килограми’. Конечно стигнав до точка кога можам да им кажам дека ова сум јас и ова е обликот на моето тело.“

Candid red carpet moment…#time100gala

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

„Сите жени со кои сум пораснала изгледаа така и сите за мене беа убави“, вели Џенифер во нејзиното интервју.

„Мојата мајка и мојата баба ме натераа да размислувам на таков начин. ’Вака изгледаме и тоа е она што е убаво’ постојано ми зборуваа тие. Мојот татко го обожаваше телото на мајка ми“ вели познатата пејачка и актерка која ја сметаат и за главна промоторка на здравиот женски изглед.

Таа со својот став за облините на многу жени им помогна да се чувствуваат подобро во своето тело и конечно да го засакаат, па не ретко и се случува да и пријдат жени кои воопшто не ги познава и да и се заблагодарат заради тоа.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed