Џенифер Лопез и Синди Крафорд ни покажаа како да носиме класични црно-бели комбинации

ADVERTISEMENT

Два прекрасни комбинации на познатите дами

Џенифер Лопез и Синди Крафорд деновиве ни покажаа одлични црно-бели изданија. Џенифер „фураше“ црни панталони и сако во комбинација со бела кошула, додека Синди бела маица, црна кожена јакна и фармерки.

ADVERTISEMENT

Црните капри панталони латино дивата ги носеше на Менхетен пред неколку дена во комбинација со кратко сако, а целото издание го заокружи со црни кожени чизми со патент и сребрени нитни во пределот на листовите.

ADVERTISEMENT

Од друга страна Синди се определи за кежуал изглед, а во целото издание главниот збор го имаше класичната „моторџиска“ кожна јакна. Поранешната манекенка максимален ефект постигна носејќи ја во комбинација со едноставна маица и фармерки, а целото издание го заокружи со црни кожени чизми и шик очила за сонце.

Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?

Facebook Comments
(Visited 12 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT