И покрај тоа што пред само неколку дена медиумите пишуваа дека успеале да го стабилизираат бракот, тоа очигледно не е така.
Џенифер Анистон и Џастин Теру постојано се на мета на медиумите кои ги спојуваат па разделуваат. И покрај тоа што до пред само неколку дена можевме да прочитаме дека кај нив, впрочем како и во многу други бракови, имаше расправии, потоа периоди кога не живееја заедно, пред јавноста беше и повеќе од очигледно дека со изливи на љубов докажуваа дека се е во најдобар ред. Но ако им веруваме на странските медиуми конечно се знае расплетот на нивната сага која што трае од 2012 година кога се свршија. Тие пред олтарот застанаа во 2015, а во 2018 актерката која повеќе е позната по своите несреќни љубовни врски, отколку по улогите што ги толкуваше, се разведува од својот сопруг, Џастин.
Тоа го потврдија официјално и самите актери: „Сакавме да го задржиме тоа само за себе, но поради трачевите и гласините, сакавме да ја изнесеме вистината. Што и да пишува за нас, тоа не доаѓа од нас, тоа се измислици. Сакаме да задржиме длабока почит и љубов еден кон друг“ пишува во нивното соопштение.
И не требаше да помине многу за обожавателите повторно да почнат да ја спојуваат познатата актерка со нејзиниот колега и поранешно момче Бред Пит кој исто така се раздели од Анџелина Џоли пред некое време. Социјалните мрежи се полни со коментари во кои се вели дека и двајцата конечно се слободни по толку време и ништо не ги спречува да бидат повторно заедно откако нивната љубов своевремено ја уништи „злобната“ Анџелина Џоли.