Џенифер Анистон со својот изглед им пркоси на годините – ова се трите најважни правила до кои таа строго се придржува

Таа неодамна за магазинот „Shape“ ги откри тајните на нејзиниот добар изглед.

Еве ги нејзините три најважни правила:

ADVERTISEMENT

Изгледајте добро и направете го тоа за себе и исклучиво само за себе

Актерката почна повеќе внимание да посветува на исхрана на почетокот на кариерата кога нејзиниот агент и кажал дека не ја добила улогата, бидејќи била „предебела”. „Бев шокирана од она што ми го кажа тој. Иако на почетокот не го сметав за сериозен коментарот, подоцна забележав дека мојата исхрана навистина е со лош квалитет. Обично јадев фрапе и помфрит со сос, што значеше дека беше добро да почнам повеќе да внимавам на исхраната”, изјави Џенифер за списанието „People“ во 2016 година.

Сепак, денес Анистон повикува и на прифаќање на сопственото тело. „Крајно време е да престанеме да мислиме дека убавината доаѓа само од големина С и од големина на задникот и половината. Овие правила повеќе не важат”, изјави познатата актерка во една пригода.

Покрај здравата исхрана Џенифер постојано е активна и посветена на вежбањето. Таа ужива во различни видови на вежби, од јога и бокс до тренинзите на познати тренери. Три пати во неделата прави спин -јога, што е од 25 до 30 минути на возење велосипед (spinning), а потоа 30-40 минути јога. Останатите три дена вежба дома.

„Тоа во основа се вежби со сопствената тежина, но секогаш правам и кардио важби. Обично 15 минути сум на велосипед, потоа 15 на лента за трчање, и 15 на елипсовиден тренажер. Едноставно најдобро е кога  ја менувате рутината за да ги збуните мускулите“, вели таа во една пригода.

 

Треба да се храниме здраво

Џенифер денот го започнува со една чаша топла вода со лимон, затоа што верува дека е добро да се внесат алкани материи во телото во раните утрински часови. Потоа следи чаша кафе со ниско маслено млеко и стевиа. За појадок јадете протеини во прав со банани, цреши, боровинки, малку какао во прав, капка од чоколадна стевиа и чоколадно бадемово млеко, бидејќи повеќе го преферира вкусот на чоколадо, од вкусот на протеини. Тврдо варени јајца обично јаде за време на закуската во попладневните часови време и омилен ручек и е пржена туна со салата од краставици и маслиново масло. Сака да вечера пржено пилешко со тиквички и песта.

 

Пијте многу вода

„Тоа го кажав и претходно, но навистина мислам дека хидратацијата е исклучително важна како за здравјето, така и за изгледот. И спиењето!” изјави Анистон, која во меѓувреме стана и амбасадор на познат бренд на минерална вода.

Facebook Comments
(Visited 453 times, 1 visits today)