Џастин Бибер ќе заплови и во светот на модата – еве како ќе се вика неговата колекција!
Најверојатно Џастин Бибер нема да објави нов албум во скоро време. Така барем тврдат неговите пријатели.
Но тоа не значи дека не е зафатен. Имано, младиот пејач и миленик на тинејџерките од целиот свет се подготвува сериозно да влезе во светот на модата и тоа со своја посебна линија. Подробни детали поврзани со овој интересен проект се уште не се познати, но она што се знае е дека колекцијата ќе се вика „Drew House“, инспирирана од неговото средно име. За оваа линија веќе е направен и Инстаграм профил на кој официјално е претставено и самото лого.
https://www.instagram.com/p/BqQMZq4FBVj/?utm_source=ig_embed
Сепак, и покрај големиот интерес моделите од оваа колекција се уште се држат во тајност, па не ни останува ништо друго освен да го следиме неговиот профил на социјалните мрежи како на време би биле известени за секоја новост.