Џамбазов во урнебесно издание – не сте го виделе ваков, ги насмеа сите на интернетот, што ќе кажете за неговиот нов имиџ?!
Направо шоу со само еден збор и една фотографија
На оваа фотографија што ја објави на својот профил на Инстаграм изгледа потполно непрепознатливо.
Познатиот македонски актер, писател и шоумен Игор Џамбазов објави фотографија на која е со својата сакана Илина Арсова и ги воодушеви сите.
Џамбазов и Илина се поприлично активни на социјалните мрежи и речиси секојдневно објавуваат фотографии.
И додека Илина на својот профил на Инстаграм најчесто објавува фотографии од своите тренинзи или освојувања на највисоките планини, Џамбазов многу често знае да се пошегува и да ги изненади своите фанови.
Така беше и вој пат кога познатиот шоумен и на својот профил направи вистинско шоу и тоа со само еден збор и една фотографија.
Имено, тoј сподели фотографија на која е заедно со Илина, а во центарот на вниманието е неговата „флизура“.
„Флизури“ напиша тој во коментарот под урнебесната фотографија со која ги „сруши“ социјалните мрежи.
Ова негово необично издание веднаш предизвика голем број коментари, а меѓу нив и на многу наши познати фаци.
„Оф мори мајко, што прави љубовта, Исти ко јајца, Близнаци, Флизурите ви се одлични, како Емче да ве лижела“, беа само некои од коментарите што корисниците на социјалните мрежи ги напишаа под ова урнебесно издание на еден од најомилените и најпознатите парови во Македонија.
Сигурни сме дека за тоа време, додека ги читала коментарите, и Илина плачела од смеење.
Поздрав за Игор од височините
Инаку, Илина неодамна се искачи на врвот Ариста Санта Барбара кој е висок 5790 метри. Во прашање еден од највисоките и најтешките врвови за освојување во Јужна Америка, а веста на социјалните мрежи ја сподели и Џамбазов со порака „Те сакам, моја супер жено!“
Илина овие денови ги минува во Еквадор каде заедно со својата експедиција се искачи на еден од највисоките активни вулкани, Цотопаки.
На една од своите последни фотографии на Инстаграм Илина објави пејзаж од Којитамбо, популарно место за качување на карпи и мало село западно од Азогуе, главниот град на провинцијата Канар во Еквадор.
На ова место има и археолошка рушевина на Инките, а Илина по искачувањето на карпата и освојувањето на врвот, напиша:
„Ти благодарам Који, што беше толку фина со нас…“
„Ме мисли.. и јас ја мислам!“
Одвоени еден од друг, Џамбазов, на социјалните мрежи постојано потенцира колку му недостига саканата.
Тој во една од своите последни објави сподели заедничка фотографија, а под неа за својата сакана напиша:
„Ме мисли…и јас ја мислам… 10.850 километри се ништо за мислата…“ напиша Игор, а под објавата еден пријател му остави преубав коментар.
„Еее, мој брате Игор, мислите ти се како Аспирин, моментален лек за тагата. Илјада мисли не можат да заменат еден допир, прегратка, на лицето што го сакаш кога не е покрај тебе. Убава е, тоа е неоспорно, но далека, не дозволувај да оди. Секој ден не поминат со неа е изгубен, а не осана многу време, не дозволувај утре да се каеш. Секогаш на крај ни е жал што повеќе време не поминавме со оние што ги сакавме. не давај ја брат, не давај…,“ му порача еден пријател на Џамбазов.
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова