Ќе се изненадите колку синот на Пепи Бафтировски личи на познатиот пејач кога и тој бил во својата младост
Многумина велат дека многу личи на татко му
Легендарниот Пепи Бафтировски беше и остана еден од најпознатите изведувачи на убавата македонска народна песна.
Хитовите што тој ги испеа се уште се едни од најслушаните како во нашата земја така и кај нашинците во дијаспората.
Неговата „Заветна“ и денес се пее на сите забави, како и незаборавните „Ако згрешам нека изгорам“, „Сине мој“ и мн. други.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Меѓу своите колеги важеше за емотивен човек на кого музиката му беше сé во животот, а долги години беше во брак со уште една многу позната пејачка од Македонија, Ава Керш.
Фото: Фејсбук/ Ава Керш
Пепи по кратко боледување ќе почина во април 2008 година, а Ава иако не беа во брак, до последен момент ќе остане со него.
Легендарниот пејач почина на 66-годишна возраст, пет години откако повторно се врати во Америка заедно со неговото семејство.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Од бракот со Ава, Пепи доби син и ќерка, Емил и Марина кои останаа да живеат во Америка и се успешни и остварени луѓе.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Марина е среќно мажена и има три деца, а како што велат многумина, многу личи на својата убава мајка.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Од друга страна пак Емил, кој е доктор, важи за вистински убавец кој со својот шарм ги освојува срцата на понежниот пол.
Но од една стара фотографија на неговиот татко, од еден негов албум, може да се заклучи дека многу личи на Пепи во младоста.
Емил денес живее и работи во Чикаго и на социјалните мрежи често објавува фотографии на кои изгледа како манекен.
Па ако ја земеме во предвид и професијата со која што се занимава, повеќе од сигурни сме дека многу девојки не можат да му одолеат.
Како тој изгледа погледнете во продолжение…