Ќе се изненадите каква убавица е снаата на Алачки – во венчаницата изгледаше како холивудска дива
Оваа млада дама е снаа на Алачки
Познатата водителка и пејачка Адријана Алачки неодамна го ожени својот син Благоја кој го доби од бракот со Горан Алачки.
Тие претходниот месец направија свадба во еден познат ресторан во Скопје, а на свадбата гостите ги забавуваше Спасен Сијланоски.
На свадбата беше и пејачот Огнен Здравковски кој меѓу првите објави фотографии од веселбата на социјалните мрежи (види тука), а потоа тоа го направи и убавата невеста, Емилија Трајкоска-Алачки.
Фото: Инстаграм/ Емилија Трајкоска-Алачки
Емилија на свадбата носеше преубава бела венчаница, а нејзиниот избраник блескаше покрај неа во црн костум и бела кошула.
Фото: Инстаграм/ Емилија Трајкоска-Алачки
Инаку, Благоја иако е правник по професија, го наследи и талентот за музика од своите родители, Адријана и Горан Алачки.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спироска
Своевремено со музика се занимаваше и неговата избраничка, која во 2021 имаше снимено и спот за песната „После тебе“.
Емилија е една прекрасна млада дама која со својот природен шарм привлекува внимание и на социјалните мрежи, а како изгледаше како невеста, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Емилија Трајкоска-Алачки
Првиот танц на Емилија и Благоја
Потсетуваме, Адријана и хармоникашот Горан кои беа повеќе од две децении во брак, покрај Благоја ја имаат и ќерката Грациела.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Грациела во 2014 година се омажи со познатиот композитор и хармоникаш Игор Димовски, а плод на нивната љубов е ќерката Јана.