Ќе се воодушевите од новата варијанта од популарната фризура

Нова секси варијатна на популарната боб фризура

Боб фризурата е апсолутен must-have меѓу трендсетерките веќе подолго време, а ако и вам ви се допаѓа оваа фризура ќе ве развесели веста дека фризерите предвидуваат уште една секси варијанта на овој популарен тренд.

ADVERTISEMENT

На оваа фризура не и одолеа ни Ким Кардашијан …

Наместо рамномерно потскратување на косата замолите го вашиот фризер да ве потшиша асиметрично, а тоа можете да го направите во неколку шик варијанти – можете да ја израмнете со пегла или со помош на виклер да креирате лежерни beach бранови како тукушто да сте се вратиле од плажа.

Фризерите истакнуваат и дека ваквото потскратување на косата убаво им стои на сите облици на лицето, а ако вашето лице е со коцкест облик, асиметричната фризура ќе ви одговара бидејќи визуелно ќе ви го омекне лицето. Ова го тврди познатиот селебрити фризер Брус Скарлет кој се грижи за фризурата и на преубавата русокоса актерка Маргот Роби.

Оние пак со ситно лице, ќе ги истакнат цртите …

Не треба да се заборави и на врвовите кои по ваквото стилизирање треба да се нанесе малку средство за негување на база на арганово масло како би го спречиле „расцветувањето“ на косата.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed