Ќе погодите ли колку години полни денеска водителката Ирена Спировска?
Овој роденден таа одлучи да си го прослави на море и замина во Црна Гора, поконкретно во Сутоморе.

Со нејзината вита става, детинест дух, харизматична појава, модерен стил на облекување, негувана кожа… нашата водителка Ирена Спировска може секого да го прелаже дека има помалку барем 15 години.
Денеска ѝ е роденден. И многумина ќе се изненадат кога ќе разберат дека Ирена денеска слави златен јубилеј од 50 години!
Овој роденден таа одлучи да си го прослави на море и замина во Црна Гора, поконкретно во Сутоморе.
На својот инстаграм профил згодната Спировска сподели неколку фотографии во син костим за капење и шешир, како се разладува на плажа роденденски.
Кога си роден во јуни и си рaк во хороскоп, неизбежно е да го сакаш морето – напиша Ирена на објавата на стори.
Оваа дама не ги крие годините , па сподели со фновите дека полни 50 години.
Welcome 50!!!
Среќен роденден Ирена и од Гламур!