Реклама
Наши ѕвезди

Ќе пеам за нашата мила земја Македонија и за нашите Македонци – зборот Северна не постои за Гавазова

Познатата пејачка тукушто го најави својот настап

Реклама

По големиот скандал што се случи во врска со прославата во Пеленица, каде многу пејачи го откажаа својот настап, се огласи и Сузана гавазова.

Познатата пејачка преку социјалните мрежи најави дека ќе настапи на Денот на независноста на Македонија и како што порача, таа тоа го прави не заради партиите, туку затоа што му припаѓа на народот.

Таа објави видео на кое најпрво се гледа јарбол со македонското знаме, а потоа облечена во црвен фустан им се обрати на фановите.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

„Сакам од сé срце да ви го честитам празникот, 8 Септември, Денот на нашата татковина, Денот на независна Република Македонија“, го почна со овие зборови своето обраќање познатата фолк-пејачка.

Маркетинг

„Да сте ми живи и здрави Македонци, кае и да сте во светот. Сакам а ви кажам дека денес ќе пеам во Скопје, ќе пеам за нашата мила земја Македонија и за нашите Македонци. Инаку, да ви кажам дека не припаѓам на ниту една политичка партија. Јас припаѓам на Македонија, на Македонците, на македонската музика и песна, изјави таа и повторно им го честиташе празникот на сите.

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

Потсетуваме, многу пејачи решија да го откажат својот настап што претходно беше најавен со плакат од страна на општинската организација на СДСМ – Кисела Вода, по повод Денот на независноста на Македонија.

Станува збор за настан во склоп на „Традиционалниот пикник во Пеленица“, по повод 8 септември, кој откако предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, посебно кај нашинците од дијаспората (види тука), многу пејачи ги откажаа своите гостувања.

Фото: Фејсбук

Прв настапот го откажа Јордан Митев, кој објави дека бил намерно или ненамерно изманипулиран од страна на организацијата и не му било соопштено дека настанот ќе биде партиски одбележан, а потоа гостувањето го откажаа и Татјана и Новица Василевски, екипата од Мерак Меана, Адријана Кеш, како и Ефто Пупиноски кој требаше да настапува како замена на Јордан Митев.

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

Токму затоа и Гавазова во своето обраќање потенцираше дека настапува затоа што и припаѓа на Македонија, на сите Македонци, и дека ќе пее за нашата мила Македонија и за сите Македонци, без никаде притоа да го спомне зборот северна, со што посебно ги воодушеви своите бројни обожаватели на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

Целото видео со Гавазова погледнете го на крајот од галеријата…

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button