Ќе останете без здив кога ќе ја видите Јелена Спенџарска во ова издание: Објави фотографии од плажа во Тунис и го “запали” Инстаграм
Замина на одмор...
Јелена Спенџарска ги спакува куферите и заедно со сестра си замина во Африка.
Македонската водителка која пред неколку месеци објави дека се сели во Солун кај своето момче, јавноста има можност преку социјалните мрежи да види како секојдневно ужива.
Таа е многу активна на социјалните мрежи па со фановите споделува фотографии од патувањата.
Така беше и сега. Водителката сподели низа фотографии од Џерба, најголемиот остров во северна Африка и доби низ акомплименти.
-Исто како што очекував- мирно место, instagramable 1000000%, дооооолги песочни плажи (песокот брашно) идеална клима, луѓето кротки, некако се е мирно,буквално да ти одмори главата. Се ти е ново, интересно, камилите се посебна атракција, градбата на хотелите и целиот ентериер е breathtaking а ова ми е првиот ден….. имам мнооогу добро чувство дека ќе станува се подобро и поубаво, напиша Спенџарска во описот на фотографиите.
Да потсетиме, водителката пред неколку месеци објави дека се сели кај својот партнер Лукас за кого вели дека веднаш знаела дека е вистинскиот за неа.
Неодамна сподели фотографија во чиј опис напиша:
– Има луѓе со кои без секунда размислување, седнувате во кола, се селите на другиот крај од светот, градите куќа, стареете зедно…
Многумина го протолкуваа ова како подготовка за свадба.