Ќе ви ја стопли душата: Од изолација Џокси ја преработи „На Велигден сум се заљубил“ (видео)
Нова преработка на безвременскиот хит „На Велигден сум се заљубил“.
Џинас Папас Џокси овој пат реши публиката да ја израдува со уште една нова преработка на „На Велигден сум се заљубил“.
Од домашниот карантин Џокси заедно со академскиот хор „Мирче Ацев“од изолација ја преработија песната која задолжително ја слушаме секоја година за време на Велигденските празници.
Македонја е во 85 часовен карантин.За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок, 17 април, во 16 часот, до вторник, 21 април, до 5 часот, се забранува движењето за сите граѓани.
Од понеделник до петок, од 16 до 5 часот наредниот ден.Дополнително, од четврток, 16 април, во 16 часот, до вторник, 21 април, до 5 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми во целата држава.
За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.