Реклама
MAMAКафе муабет

„Ќе биде онака како што треба да биде“ … Кога сѐ ќе тргне на лошо, сетете се на ова

Реклама

Среќата не е отсуство на проблеми, туку способност да се соочиме со нив.

Секогаш гледајте на она што го имате наместо на она што сте го изгубиле. Не е важно што ви одзел животот, туку што ќе направите со она што ви останало.Понекогаш животот затвора врати бидејќи е потребно да тргнеме напред. Болката е дел од процесот на растење.

Кога времињата се тешки, сетете се дека ниту една болка не доаѓа без своја цел. . Секој голем успех бара одреден вид добра борба за да дојдеме до него. За добри работи е потребно време.Ако работите тргнат на лошо, не се грижете бидејќи ни тоа нема да трае вечно. Само затоа што животот не е лесен, не значи дека не можете да се смеете. Само затоа што нешто ве мачи, не значи дека не можете да се смеете. Секој момент ви нуди нов почеток и нов крај.

Маркетинг

Секоја секунда добивате нова можност. Само треба да ја прифатите и со неа да направите најдобро што можете.Секогаш е подобро да се обидете да направите нешто големо и да не успеете отколку да не се обидете ништо. Не дозволувајте сенките од минатото да ја затемнат вратата од вашата иднина. Ако денес жалиме за вчера, тоа нема да го подобри нашето утре. Наместо тоа, преземете нешто. Нека она што сте го научиле го унапреди вашиот живот. Направете промени.

Вашите рани се симбол на вашата сила.Раните значат дека сте ја совладале болката, сте ја научиле лекцијата и продолжувате понатаму. Раната е тетоважа на триумфот; бидете горди на неа. Не дозволувајте раните да ве држат како заложник. Не дозволувајте да ве натераат да го живеете својот живот во страв. Поетот Руми еднаш рекол: „Раната е местото каде што во вас влегува животот“.

Маркетинг

Запомнете смејте се кога другите луѓе сакаат да ве растажат. Тоа е лесен начин на кој можете да ги задржите вашиот ентузијазам и фокус. Кога луѓето лошо ќе се однесуваат кон вас, продолжете да бидете она што сте. Немојте никогаш да дозволите нечија огорченост да ве промени. Немојте да си ги сфаќате работите лично, дури и кога се чинат такви. Луѓето ќе ве озборуваат без оглед на тоа што правите и колку добро го правите тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button