Замислите колку прекрасни работи би можело да ви се случат кога не би биле толку посветени на борбата со проблемите.
Секогаш настојувајте да го гледате она што го имате, наместо она што сте го изгубиле. Не е важно што ви одзел животот, туку што правите со она што ви останало.
Еве неколку потсетници кои би можеле да ви помогнат да се мотивирате кога навистина ќе ви биде потребно.
Болката е дел од процесот на раст
Понекогаш животот ви затвора врати едноставно затоа што е потребно да тргнете напред. Кога минувате низ тешки времиња, сетете се дека ниедна болка не доаѓа без своја цел.
Сите работи во животот имаат свој рок на траење.
Загриженоста нема да ви смени ништо
Оние кои најмногу се грижат, стануваат најмали. Секогаш е најдобро да се обидете да направите нешто големо, отколку да не се потрудите воопшто.
Вашите рани се симбол на вашата сила
Раните значат дека болката престанала и дека вие сте успеале да ги победите сите препреки. Не дозволувајте токму раните да ве држат како затвореници и да не ви дозволат да го живеете својот живот.
Секоја борба е еден чекор понапред
Ако се одлучите за нешто, бидете истрајни до крај и вложете ја сета своја енергија и сето свое време. Она што ви е потребно е одлучност и трпение.